"Огромна препорака за Стефан од Девора, доколку се размислувате за нив, би ви предложил да не чекате" - Владо
Се што ти треба да знаеш за да започнеш соработка со Devora.
Цената на веб страната зависи од повеќе фактори – дали ти треба едноставна презентациска страна или нешто посложено со функционалности како контакт форми, блог или нешто друго. Во секој проект вклучуваме основен дизајн, оптимизација (SEO), и адаптација за мобилни уреди. Цените започнуваат од 6,000 МКД, но секогаш даваме индивидуална понуда според потребите.
Во просек, изработката трае од 3 до 14 дена, но тоа зависи од големината на страната и брзината на комуникацијата. Ако се работи за посложен проект или ако се вклучени повеќе фази (како копирајтинг, SEO истражување, интеграции), може да потрае и малку повеќе. Секогаш те известуваме за прогресот.
Да! Секоја страна што ја правиме доаѓа со основен SEO (оптимизација за пребарувачи) – тоа вклучува техничка подготвеност, брзина, мобилна оптимизација, и оптимизирани наслови и описни тагови. Ако сакаш да бидеш во врвот на Google за „изработка на веб страна“ и слични клучни зборови, нудиме и дополнителна SEO услуга со клучни анализи и линк билдинг.
Не мора да се грижиш за тоа. Ќе ти помогнеме да регистрираш домен по твој избор (на пример .mk или .com), и ќе поставиме хостинг кој е брз, сигурен и достапен. Дури и не мораш ништо сам да правиш – ќе ти дадеме сè „спремно за работа“.
Да! Нашите веб страни се изработени на системи кои овозможуваат лесно уредување бидејќи се изработени во Webflow. Ќе добиеш кратка обука или видео, и ќе можеш сам/а да менуваш текстови, фотографии, или дури и да додаваш нови секции ако сакаш.
Да. Повеќето клиенти избираат месечен план за одржување на веб страната. Тоа вклучува: техничка поддршка, безбедносни ажурирања, брзи измени, и месечна проверка на SEO. Така, не мораш ти да се грижиш за ништо – само ни пишуваш и ние средуваме.